-->
-->
Пожарите во Калифорнија ги предизвикала жена, возејќи автомобил на фелни
-->
Дрогирана жена, која својот автомобил го возела на задна фелна, ги предизвикала пожарите во кои изгореа најмалку 450 акри земја, на северот на калифорнија, соопштија денеска локалните власти.
Калифорниската сообраќајна полиција соопшти дека Рене Хоган, возејќи на задната десна фелна, што произвело многубројни искри, ги предизвикала пожарите во округот калаверас, околу 100 километри југоисточно од Сакраменто.
Во пожарот не изгоре ниту една куќа, но многумина мораа да се евакуираат, пренесува Танјуг.
Рене Хоган е уапсена под сомнение дека возела автомобил под влијание на опојни средства, наведе полицијата, а против неа кренато е обвинение за предизвикување пожар.
Автомобилот на Хоган целосно изгорел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шведски тим од социјални работници и пожарникари се солидаризира за кочанчани
-
Прилепското поле месец и половина без капка вода поради дефект на хидросистемот
-
Ротари клубот Струмица донираше медицинска опрема за одделението за педијатрија во струмичката болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025