Loading Video...
Свет
27. јуни 2019 - 22:50

Пожари и високи температури во Европа

Големи шумски пожари беснеат на 10 000 хектари во шпанската провинција Каталонија. Споерд пожанрикарите огнот може да се прошири поради топлотниот бран што ја погоди целата земја. Во делови на Шпанија температурата достигна дури 43 степени Целзиусови. За петок прогнозите се 45 степени.  Невобичаено жешко  за месец јуни  е  и во Германија, Италија, Шпанија и Франција.  Во Париз живата на термометарот се искачи на  40 степен а голем број учлишта се затворени бидејќи како што соопштија градските власти во нив  немало доволно уреди за ладење.  Министерката за  здравство ги потсети граѓаните и туристите на препораките за заштита од тополтниот бран.

- Препораките им се добро познати на луѓето. Пијте многу вода, барем 2 литра на ден. Седете под сенка и избегнувајте да се заморувате  во текот на денот. Тоа е посебно важно за оние кои работат на отворено изјави министерката за здравство на Франција Агнес Бузин.

Во Полска 90 лица се удавиле обдувајки де се разладат во реките  додека во Литванија има 27 вакви случаи.