Свет
5. July 2015 - 17:23

Пожари беснеат во Шпанија и Португалија

Над 1.350 лица беа евакуирани од своите домови во североисточната шпанска област Арагон поради пожар.

Жителите на пет села биле евакуирани, меѓу кои и жители на дом за стари лица. Тие биле однесени до соседни градови.

Пожарот се разгорел вчера попладне. Ветровитото време го разгорело уште повеќе, а горештините во Шпанија само ја усложнуваат ситуацијата.

Со огнената стихија се борат 500 пожарникари и 26 авиони-цистерни. Веќе изгореле 2.500 хектари шума, според Министерството за земјоделство и животна средина.

Во соседна Португалија околу сто пожарникари се борат со пожар, што избувна вчера вечер во шумата Алкоберташ, северно од Лисабон.