Македонија
10. July 2019 - 20:31

Пожар во затворот Идризово, затворениците ги напуштиле ќелиите

Попладнево избил пожар во затворот „Идризово“.

Поради чадот, затворениците брзо ги напуштиле ќелиите и излегле во дворот, пренесува порталот „Тетова1“, кој објави и видео од пожарот.

Се утврдува причината за пожарот.

Во Идризово неодамна беа префрлени поголемиот дел од осудените за „27 април“ кои јавно добиваа закани по нивниот живот од терористите од „Дива населба“.