Македонија
25. September 2018 - 16:42

Пожар во затворот Идризово

Во приемното одделение на затворот Идризово попладнево избувна пожар во кој е зафатена кровната коснтрукција.

Во пожарот нема повредени лица, а според првичните информации причина е застарената електрична инсталација. 

Лицата од приемното одделение во моментот безбедно се префрлени во други простории. 

Бригадата за протипожарна единица на Град Скопје интервенира со неколку возила.