Балкан
22. February 2017 - 17:56

Пожар во Студентскиот дом, се запалија неколку соби, тројца повредени

Во големиот пожар кој изби попладнево во павилјоните на Студентскиот дом Цвијетно во Загреб изгореа неколку соби, студентите се евакуирани, а најмалку тројца се повредени.

На повредените им е пружена итна медицинска помоп, а пожарот е ставен под контрола.

До пожарот, како што пренесуваат хрватските медиуми, наводно дошло во кујната, а потоа се проширил.

Пожарот зафатил и неколку соби, а студентите на социјалните мрежи веќе меѓусебе се организираа за да обезбедат сместување на колегите чии соби беа зафатени од пожарот.

Студентскиот дом е евакуиран од безбедносни причини.

По брзата интервенција на пожарникарите, пожарот по 40 минути е угасен.

Во гасењето интервенирале 30-тина пожарникари со повеќе возила.

Погледнете го видеото: