Македонија
12. August 2015 - 20:03

Пожар во станбена зграда во охрид евакуирани 20 лица

20 тина лица меѓу кои едно бебе и неколку мали деца се евакуирани од големиот пожар кој зафати стан во зграда на булеварот „ Туристичка“ во самиот влез на градот . Пламенот од 4тиот спрат започнал да се шири и во останатите станови,во опожарениот стан се наоѓала една баба со две внучиња која во паника на секој начин се обидувала да ги спаси малолетните деца па дури сакала да го фрли едното дете од четвртиот кат со надеж пожарникарите да го фатат .За среќа навремено е интервенирано   и  извлечени се  неповредени трите лица.

Станарите вознемирени од прозорците и терасите барале помош не знаејќи што да направат.

Седумнаесет годишниот Никола Доноски кој спасил едно дете неможејќи да добие на брза помош на својот фејзбук профил побарал помош.

Во акцијата за гаснење на пожарот интервенирале четири возила и 15 пожарникари.

Материјалната штета дополнително ќе се проценува и причините за последиците на овој пожар а градоначалникот Бакрачески на оштетните граѓани им вети помош .

Инаку ова е втор пожар во зграда денеска во главниот туристички центар.