Македонија
6. January 2019 - 11:55

Пожар во Скопје: Соседи спасиле жена чија куќа гореше вчера- завршиле на Клиника

На улицата „Ѓорги Поп Христов“ во Скопје вчера околу 23.55 часот настанал пожар на првиот кат од куќата на С.С. (72).

Според првичните наоди, најверојатно причина за пожарот е заборавен вклучен шпорет во кујната. Пожарот го забележале соседите од вториот кат Ф.M (20) и М.M (28), кои ја разбудиле и извадиле С.С. надвор.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за против пожарна заштита во 00.20 часот.

Заради вдишувањето поголемо количество чад, на Ф.М. и М.М. им била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар-Мајка Тереза, по што се пуштени на домашно лекување.