Македонија
11. August 2016 - 19:46

Пожар во Скопје

Едно лице е хоспитализирано по пожарот кој утринава околу 5 часот избувна на улицата Рузвелтова во Центарот на Скопје. Два стана се целосно изгорени додека еден е поплавен. Според сопственичката на еден од становите, пожарот избувнал во раните утрински часови додека била на спиење. Почуствувала силна миризба на чад која доаѓала од долниот стан. За кусо време пламените јазици се прошириле и кај неа

Причините за пожарот се уште се непознати. Според очевидците прв пожарот го забележал еден од обезбедувањето на зградата на Специјалното јавно обвинителсто што се наоѓа во непосредна близина. Екипите на итните служби интервенирале за многу брзо време и не дозволиле пожарот да се прошири во останатиот дел на зградата.