Македонија
25. August 2024 - 20:34

Пожар во млекарница во тетовско Камењане

Пожар изби во млекарница „Хит73“ во тетовско Камењане, вечерва околу 19 часот,  информираат од тетовската пожарникарска единица.

Поради пожарот голем густ чад се забележува и во Тетово како и од автопатот Тетово-Гостивар. 

На местото на пожарот покрај противпожарни екипи од Тетово, пристигнаа и пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со две возила, а упатени се и екипи од Гостивар и Кавадарци.