Пожар во месноста Мусица кај Бушава Планина
Тимови на Дирекцијата за заштита и спасување од денеска ќе се вклучат во акцијата за гаснење на пожарот на отворен простор кај месноста викана Мусица кај Бушава Планина, активен од вечерта на 19-ти овој месец.
ДЗС инфорира дека градоначалникот на Крушево вчера испратил барање и веднаш биле мобилизирани тимови за брз одговор од општините Битола и Прилеп како и вработени во подрачните одделенија, но поради краткиот ден и специфичноста на просторот кој е зафатен, големо подрачје со поголем број жаришта, ќе интервенираат денеска во утринските часови.
- Вработените во Дирекцијата за заштита и спасување на терен ја следат состојбата и во случај да е потребно ќе бидат ангажирани дополнителни сили како и авионите за гасење на пожари на Дирекцијата за заштита и спасување, се вели во соопштението од ДЗС.
Според ДЗС, на почеток била запалена сува трева, папрат и ниски смреки, но пожарот се проширил на букова шума. Вработените во ПШС „Липа“ од Крушево, единици на територијалната противпожарна единица и локалната самоуправа во Крушево како и локални граѓани, се излезени на терен и се справуваат со пожарот, но поради големиот простор на опожарување не се во состојба брзо да се справат со него.
Ново на Сител
-
Европскиот фронт ќе оди со заеднички листи
-
Се планира довршување на заградите во капмпусот на УКИМ
-
20 години агенција за радијациона сигурност
-
Преглед на вестите од светот
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите