Македонија
24. October 2022 - 16:48

Пожар во куќа во Катланово, маж се здобил со изгореници

Во СВР Скопје вчера околу 21.20 часот И.П. пријавила дека настанал пожар во семејната куќа во с.Катланово, во која во моментот бил нејзиниот сопруг Ж.П.(43) од с.Катланово.

- Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а Ж.П., кој се здобил со изгореници, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.