-->
-->
Пожар во куќа во Демир Капија, нема повредени
-->
Во пожар кој утрово избувна во куќа на улица „Наум Наумов“ во Демир Капија, изгоре голем дел од покуќнината. Повредени лица нема. Командирот на Територијалната противпожарна единица од Неготино Иле Илиев информираше дека веднаш излегле на лице место по пријавата за пожар добиена околу осум часот.
- Интервениравме со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Заедно со нас во гаснењето на пожарот учествуваа и седум работници од демиркапиското комунално претпријатие „Бошава”, а помагаа и неколкумина вработени во Специјален завод Демир Капија. Не дозволивме да падне кровот на индивидуалниот станбен објект, соопшти Илиев.
Причините за пожарот и висината на материјалната штета ќе се утврдуваат дополнително.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?