Балкан
6. July 2017 - 13:38

Пожар во источна Атика

Пожарот кој утрово избувна во шумската област Крионери во источна Атика, засега не претставува опасност за населени места, соопштија грчките власти.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 30 пожарникари со 10 возила, три авиони и еден хеликоптер, но силните ветрови кои дуваат во областа ги отежнуваат нивните напори.