Македонија
6. January 2023 - 16:47

Пожар во Градскиот трговски центар Тетово, нема повредени

Тетовските пожарникари попладневно интервенираа на пожар што избувна во дуќан во Градскиот трговски центар во центарот на градот. Поради пожарот густ чад се појави над објектот, а според првичните информации нема повредени луѓе.

-Според првичните информации од пожарникарите огнот избувнал во дуќан на третиот кат кој што не се користел активно, туку служел како магацин.

-Пожарот беше пријавен во 15.40 часот. Веднаш е интервенирано со 2 противпожарни возила и за кратко време пожарот е изгаснат. Нема повредени само е причинета материјална штета, информираше Авни Амети од ТППЕ Тетово.