Свет
20. August 2015 - 8:35

Пожар во Градот на науката во Париз

Голем пожар изби доцна во ноќта во Градот на науките во Париз. Пожарот опфати повеќе зони на неколку нивоа во кои се изведуваа градежни работи, јави дописникот на МИА од Париз.

"Станува збор за изложбени сали и кино сали.. Системот за гаснење на огнот не функционираше поради градежните работи“, објасни изутринава портпаролот на пожарникарите на Парзи за БФМ ТВ.

На местото на пожарот кој се наоѓа во 19-от париски аронодисман се наоѓаат значителни противпожарни сили, вкупно 120 пожарникари со 30 противпожарни возила се мобилизрани од 2 часот и 30 минути ноќта. Во 6 часот изутринава пожарот не беше локализиран.

"Постојат уште многу огништа. Постои само почеток на контрола на огнот во делот каде се изведуваа градежните зафати, но не се исклучува можноста од ризик во деловите каде што има активност. Постои значителна потенцијална топлина. Менување на пожарникарите кои работатт во тешки услови се врши редовно", изјави и портпаролот на пожарникарите.

Двајца пожарникари се здобиле со полесни повреди. Околу 10.000 квадратни метри биле во опасност и се стравува од голема материјална штета. Се уште не е познато потеклото на огнот. Префектот на Париз треба да го посети местото на пожарот во утринските часови.