Свет
2. July 2019 - 18:02

Пожар при преточување гориво од оштетена цистерна, загинале 50 лица

Најмалку 50 луѓе загинале во нигериската сојузна држава Бенуе откако се запалило гориво при преточување од оштетен камион со цистерна, изјави портпарол на регионалната Влада.

– Цистерна полна со гориво се преврте вчера и луѓето почнале да го собираат остатокот од горивото во неа, по што избил пожар и загинаа 50 луѓе, истакна портпаролот, додавајќи дека во инцидентот има и тешко повредени лица кои се пренесени в болница.

Таквите инциденти се релативно чести во Нигерија.

Последен случај беше во октомври минатата година кога луѓе собирале нафта истечена од оштетен нафтовод во југоисточниот дел на земјата, по што избил пожар во кој загинале 60 лица.