-->
-->
Пожар од запалена цигара оставена на душек во Кавадарци
-->

Запалена цигара оставена на душек, била причина за пожар во Кавадарци, за ваков несекојдневен пожар во кој за среќа, нема повредени, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 19:23 часот во ОВР - Кавадарци, било пријавено дека настанал пожар во домот на Е.А., на возраст од 26 години од Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица - Кавадарци, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР - Кавадарци, при што било констатирано дека пожарот настанал од оставена запалена цигара на душек од страна на неговата сопруга, соопштија од СВР - Велес.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
