-->
-->
Пожар над селото Војница во општина Чашка
-->
Пожарот, кој попладнево избувна над селото Војница во месноста викана „Говедарица“, се уште е активен. Зафатен е шумски предел од смрека, даб и чалија.
Пожарот бил пријавен во 13:46 часот, а во гаснењето учествувале четворица вработени од шумското стопанство „Бабуна“ и четворица граѓани од Чашка.
Од шумското стопанство „Бабуна“ информираа дека е интервенирано до 18:30 часот и дека ќе се продолжи рано наутро.
– Од местото „Говердарица“ над селото Војница, пожарот се шири кон шумата во реонот на селото Ораовец, но засега нема опасност по куќите, информираа од ШС „Бабуна“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
