Македонија
25. September 2017 - 13:09

Пожар на Треска - гореа три приколки

 

Три приколки се опожарени вчера во близина на рекреативниот центар Езеро Треска, соопшти МВР.

Две од приколките се сопственост на А.Г. (61), додека за третата повеќе години не може да се утврди сопственикот. 

Пожарот избувнал околу 21:25 часот и за 15 минути бил целосно изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. 

Увид ќе се врши денеска.