Македонија
26. August 2019 - 15:41

Пожар на планината Готен меѓу Радовиш и Струмица

Веќе цела недела голем пожар има на планината Готен која се наоѓа помеѓу Радовиш и Струмица, се обратија до Сител загрижени жители.

Според нивната објава надлежните институции досега не презеле посериозни мерки за гаснење на пожарот.

Гори шумскиот предел, а зафатено е и познатото ловиште Џами Тепе на оваа планина.