Македонија
3. јуни 2019 - 11:59

Пожар избувна во џамија во скопско

Во 16:20 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во џамија во селото Рашче-скопско.

Според пријавеното, опожарен бил горниот дел од минарето.

Во 17:15 часот пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита.

Повредени лица нема и други оштетувања на џамијата нема.