Позајмил 1500, а добил 5000 евра - Кумановски лихвар си заработи кривична пријава
СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Д.А.(42), А.М.(36) и А.Л.(62), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“, казниво по член 260 став 1 и став 2 од Кривичниот законик.
Во ноември 2014 година М.А. од А.М. побарал на заем 1500 евра, но А.М. го условил да му плаќа месечна камата во висина од 10% од дадениот износ на заем или 150 евра месечно на име камата, а главниот долг останувал за што склучиле усмен договор. Од ноември 2014 до јули 2018 година М.А. на А.М. редовно му исплаќал по 150 евра или за вкупно 43 месеци му исплатил вкупно 6500 евра, односно второпријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 5000 евра.
Бидејќи земените пари од А.М. не му стигнале за плаќање на сопствено лекување и за издржување на семејството, М.А. на 05.12.2014 година и од Д.А побарал заем од 2500 евра. Но, Д.А., исто така, побарал месечна камата од 10% од вкупната сума или 250 евра месечно, а главниот долг останувал. Тие склучиле договор кај нотар и навеле дека, доколку оштетениот М.А не му го врати долгот до предвидениот датум 01.02.2015 година, Д.А. да може да спроведе извршна постапка врз целиот движен и недвижен имот на оштетениот. Од декември 2014 до јули 2018 година оштетениот на Д.А. му исплатил вкупно 10750 евра на име на месечна камата, со што Д.А. се стекнал со противправна имотна корист од 8250 евра.
Исто така, М.А. за да може да ги плаќа каматите на А.М. и Д.А., повторно на 22.08.2016 побарал заем во износ од 140.000,оо денари од А.Л.. Но, и тој го условил да му плаќа меечна камата од 10% од земениот износ или 14.000,оо денари месечно и за заемот да склучат Договор за заем пред Нотар. Тие склучиле договор и од септември 2016 година до Јули 2018 година М.А. континуирано му плаќал месечен износ на А.Л. од 14.000,оо денари или вкупно 308.000,оо денари, со што тој се стекнал со противправна имотна корист од 168.000,оо денари.
Имено, од наведените дејствија, пријавените го оштетиле М.А. за вкупна сума од 13250 евра и 168.000,оо денари.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
