Свет
13. November 2016 - 14:37

Повторно силен земјотрес го стресе светот

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди северниот и североисточниот дел од градот Крајстчрч, на Нов Зеланд.

Според податоците на Американската геолошка служба, земјотресот зафатил 91 километар од тој дел на најголемиот град на Јужниот остров на Нов Зеланд, а нема опасност од цунами, пренесуваат британските медиуми.

Се уште нема податоци за евентуално повредени и предизвикана материјална штета.

Крајстчрч беше погоден од земјотрес и во февруари 2011 година, кога настрадаа 185 лица.