Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток

Морнарицата на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) нападна брод во Ормуска Теснина, на што американските сили возвратија со напади врз јужен Иран. Американската акција предизвикаа ирански напади врз земјите од Персиски Залив.
Морнарицата на ИРГЦ соопшти дека Ормуска Теснина е затворена до понатамошно известување. Како што јави иранската државна телевизија ИРИБ, одлуката за затворање на мореузот е донесена откако ИРГЦ испука предупредувачки истрели кон брод што се обидел да помине низ неовластена рута.
– Предупредувачки истрели биле испукани кон брод кој го исклучил својот транспондер и со тоа ја загрозил безбедноста на пловидбата. Бродот е запрен. Доколку непријателот го искористи овој инцидент како изговор и преземе погрешен чекор, ќе се соочи со катастрофален одговор, се наведува во соопштението на ИРГЦ.
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека извршила напади врз Иран откако било пукано врз во Ормуска Теснина, што пловел под знамето на Кипар. Едно лице се води како исчезнато, а бродот не може да ја продолжи пловидбата поради значителна штета во машинската просторија.
Според иранските медиуми неколку експлозии се слушнале во иранските градови Бушер и Асалује.
Асалује е стратешки важен град и пристаниште во покраината Бушер. Во Асалује е лоцирана гасната индустрија на Иран, додека во пристанишниот град Бушер се наоѓа истоимената нуклеарна централа.
Иранската армија, по американските напади во јужен Иран, гаѓа цели во Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин, Катар и Кувајт.
ИРГЦ тврди дека погодил американски носач на авиони во Оман и американска воздухопловна база во Катар.
МИА
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
