-->
-->
Повторно протести во Алжир поради претседателските избори
-->
Во Алжир синоќа повторно имаше антивладини протести поради одржување на претседателските избори, што се закажани на 12 декември.
– Нема да има гласање, скандираа демонстрантите во главниот град истакнувајќи дека изборите се наменети за „регенерација на политичкиот систем“, што е на власт од прогласување на независноста на Алжир во 1962 година.
Протести имаше и во другите градови на Алжир.
Националниот комитет за ослободување на затвореници соопшти дека последните месеци приведени се 140 луѓе.
Протестите во Алжир почнаа на 22 февруари што доведоа до оставка на претседателот Абделазиз Бутефлика , бидејќи граѓаните не сакаат да се избере негов наследник, а претходно да не заминат од власт сите негови соработници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени
-
Преглед на вестите од светот
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко