Повторно отворен Кабинетот по радиодијагностика во „Идадија“
Во Поликлиниката Идадија во ЈЗУ Здравствен Дом Скопје од денеска повторно почнува со работа Кабинетот по радиодијагностика.
Во Кабинетот ќе работи доктор-специјалист по радиодијагностика преземен од приватна во јавна здравствена установа, во рамки на огласите на Министерството за здравство за преминување на доктори-специјалисти од приватното во јавното здравство.
Следејќи ги потребите на граѓаните и залагањето за доближување на здравствените услуги спрема местото на живеење, како што информираат од Здравствен дом Скопје, преземени се активности за опрема и кадар и по четири години повторно почнува со работа Кабинетот за рентген дијагностика во Поликлиника Идадија.
Во Кабинетот ќе се вршат рентген графии на скелет, заби и ехо дијагностика, а ќе работи секој работен ден во прва смена со закажани прегледи преку Мој термин.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност