Повторно одложено судското рочиште за „Дива населба“

Денешното судско рочиште за случајот „Дива населба“ е одложено за 14 јули поради болест на еден од обвинетите.
- Главната расправа за предметот поврзан со настаните од кумановско „Дива населба“, која беше закажана за денеска, со одлука на судечкиот совет се одложува бидејќи од Затворот Прилеп пристигнато е известување дека еден од обвинетите кој е опфатен во конкретниот предмет од 03.07.2016 година, по направени испитувања на здравствената сосотјоба, препишана му е терапија и дадено е мислење од доктор дека лицето во следните седум дена заради примање на конкретната терапија нема да биде во можност да присуствува на судењето, се вели во соопштението од Кривичниот суд.
Судечкиот совет, како што се додава во соопштението, поради тоа донесе одлука денешната главна расправа да ја одложи, известувајќи ги странките во постапката дека следен термин за продолжување со главната расправа останува 14 јули во 10:00 часот.
Ново на Сител
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Ставен под контрола пожарот во Преспа кој навлезе во Националниот парк Пелистер
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
