Повторно на камера снимен рис на Галичица
Единка на загрозениот вид Балкански рис по втор пат е регистрирана на една од камерите поставени во Националниот парк „Галичица“.
Животното е фотографирано од камера-замка која е поставена во рамки на истражувањата кои се спроведуваат во Преспанскиот регион со проектот „Прекугранична заштита на регионот Преспа“.
Рисот децении наназад воопшто не беше забележан во паркот. Единка на рис за прв пат беше забележана на Галичица минатиот месец, благодарение на опремата која беше инсталирана во Националниот парк во близина на центарот за репродукција на европски елен.
Балканскиот рис е критично загрозен вид, под закана целосно да исчезне од фауната на овие простори, што поради криволовот, така и поради намалувањето бројот животни важни за негова исхрана, како и фрагментација на неговите живеалишта. Проценето е дека моментално има помалку од 50 полово зрели единки способни за репродукција.
Ново на Сител
-
Нова промена на цената на горивата од полноќ
-
Зголемен бројот на туристи и на ноќевање
-
Белорусија стана партнер на БРИКС
-
Тешка сообраќајна несреќа во Пробиштип - Судир помеѓу трактор и „матиз“
-
Влегол во Македонија преку див премин - Приведен грк на ГП Богородица
-
Пронајдени боксирач и два ножеви, приведени две лица меѓу нив и малолетник
-
Три рибарски мрежи и 56 парчиња Охридска белвица пронајдени во полициска акција во Струга
-
Приведен осомничен крадец во Куманово