Повторно ќе може да се поднесуваат барања за приватизација на државно земјиште

Министерството за финансии подготви измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со кои се пролонгира рокот за поднесување на барање за приватизација на земјиштето. Со измените се даваат дополнителни три години рок, односно можност барањата да се поднесуваат до 31 декември 2021 година.
Рокот за поднесување барања по тој основ истече на 15 декември 2014 година и од тој датум досега не можеа да се поднесуваат барања за приватизација.
Од ресорното Министерство укажуваат дека во изминатиот период пристигнале многу реакции од граѓани кои не успеале да го запазат рокот за поднесување барање за приватизација. Станува збор за граѓани кои живееле во странство, но и граѓани кои живеат во земјава, а не успеале да поднесат барање во рокот.
Како што информираат, бидејќи се продолжува рокот за поднесување барања, се пролонгираат и примените на одредбите за закуп, односно се одложува утврдување на кирија за оние кои нема да го приватизираат земјиштето.
- Освен рокот за барања за приватизација, се пролонгира и рокот за поднесување пријава за промена од корисничко право во право на сопственост. Рокот за ова барање се пролонгира до 31 декември 2022 година, соопштуваат од Министерството за финансии.
Исто така, се продолжува и рокот за барање за промена на барателот на приватизација на градежно земјиште. На пример, ако едно лице купи објект кое се наоѓа на земјиште кое е во постапка на приватизација, со измените на законот наместо 30 ќе му стојат на располагање 60 дена за поднесување на барање за промена на барател за приватизација. Досегашната примена на законот покажала дека рокот од 30 дена е прекраток, па измените со измените се излегува во пресрет на граѓаните.
Ново на Сител
-

Макрон предлага забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани
-

Дипломатската служба на ЕУ предупредува: Одборот за мир на Трамп концентрира премногу моќ и ги крши принципите на ЕУ
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Франција надмоќна против Португалија, постигна 28 голови во едно полувреме
-

Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е штетен за Македонија
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
