Повторно издаден налог за апсење на претседателот на Јужна Кореја
Судот во Сеул синоќа повторно издаде налог за апсење на претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јол, кој е обвинет за бунт и беше изгласано негово отповикување. Демонстрантите и поддржувачите на Јун и денеска се пред претседателската палата.
Претседателската безбедносна служба минатата недела постави бодликава жица и барикади пред претседателската палата, блокирајќи го пристапот до Јун, кој одбива да се појави на распит.
Јун е под истрага за бунт поради неговото прогласување воена состојба на 3 декември, што ја шокираше Јужна Кореја и доведе до првиот налог за апсење на актуелен претседател. Против Јун се води уште еден судски процес пред Уставниот суд откако на 14 декември му беше изгласан отповик поради прогласувањето воена состојба.
Директорор на Канцеларијата за истраги за корупција на високо ниво О Донг-вон синоќа се извини за неуспешнит обид за апсење на Јун на 3 јануари. Тој ја прекин акцијата за апсење на Јун откако човечки синџир од стотици членови на претседателското обезбедување и припадници на армијата спречија да влезе во претседателската палата.
Се што е можно ќе направиме за да ја постигнеме нашата цел и овојпат ќе се подготвиме темелно и со голема решителност, така што вториот обид за извршување на наредбата да биде последен, наведе О пред парламентарната комисија.
Но, не е познато колку време ќе биде потребно да се изврши новиот налог за апсење на Јун.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 71-годишен пешак на крстосница во Велес
-
Четворица повредени при пад на лифт во болница во Атина
-
ДУИ со видео од Ахмети во УЧК униформа: Дајте ми го мечот, никогаш не сум изгубил војна
-
Дел од општина Бутел без вода
-
Набавена нова опрема за Одделот на неонатологија при Детската клиника
-
Таравари: Немам информација дека некој од рентген апаратите не работи, матичните педијатри да не ги испраќаат сите свои пациенти на Педијатрија
-
Угостителските услуги во 2024 година поскапеле за 5,6 отсто
-
Пренатрупаност во словенечките затвори, со пополнетост од 130 отсто