-->
-->
Повторно гранатиран пограничниот турски град Килис
-->

Три ракети се истрелани врз турскиот пограничен град Килис од сириска територија, што е под контрола на Исламска држава. Во нападот повредени се четири лица.
Меѓу повредените еден е полицаец, а на тв-снимки се гледаат оштетени згради и возила.
Килис е пограничен град во кој се сместени голем број сириски бегалци. Градот често е мета на артилериски и ракетни напади од територијата на Сирија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера ја предупреди ИД дека на секој напад врз Турција ќе биде возвратено.
Во пограничните напади врз Килис од почетокот на годината загинаа 20 лица, а десетици се повредени. Турската армија возвраќа на артилериските напади.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Еврокомесарката Кос најавува дека оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
