Повредени полицајци во пресметка меѓу „Балистите“ и „Шверцерите“
На стадионот „Чаир“ во Скопје вчера околу 17.30 часот додека траел фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК Шкендија и ФК Силекс, дошло до нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем со меѓусебна тепачка и насилство од страна на групите навивачи „Балисти“ и „Шверцери“.
При интервенција повредени се четворица полициски службеници, кои по укажаната лекарска помош во Градската општа болница биле пуштени на домашно лекување, соопшти денеска МВР.
Во 20.30 часот во СВР Тетово било пријавено оштетување на четири автобуси со кои се превезувале навивачите „Балисти“ до Тетово. Оштетувањето било направено во Скопје од страна на навивачката група „Шверцери“ кои фрлале со тврди предмети кон автобусите. Исто така, оштетено било и патничко моторно возило „Форд Фокус“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на „Секуритас М“-Тетово, управувано од Л.С.(18). Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Сообраќајот на патиштатa се одвива непречено, по суви коловози
-
Претпладне сончево, попладне наместа облачно со краткотраен дожд
-
Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога