Македонија
28. јуни 2023 - 13:11

Повредени двајца возачи од Скопје откако камион се судрил со автомобил

На 27.06.2023 во 19.40 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.„Борис Трајковски“ со ул.„Трајко Иванов“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.М.(26) од Скопје и товарно возило „там“, управувано од Ј.А.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил Ј.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје