-->
-->
Повредени 6 лица во тешка сообраќајка во Скопје
-->

Вчера сабајле во 07,40 часот во атар на с.Студеничани-Скопје во близина на гробиштата, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б. (38) од с.Морани-Скопје, и патничко моторно возило ,,мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (21) од с.Студеничани. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Р.Б. и сопатникот И.И. (41) од с.Студеничани. Со повреди се здобиле и другиот сопатникот во „голф“ А.А. (45) од с.Студеничани, како и возачот на ,,мерцедес“ М.Н. и неговите сопатници О.Н. (22) и Н.Н. (7), и двајцата од с.Студеничани.Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-

Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
-

Британскиот премиер разгледува можност за јавна истрага за активностите на Џефри Епстин во Велика Британија
-

Жена избоде четири лица во центарот на Лондон
