-->
-->
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина
-->

На 47 лица, меѓу кои најмалку десет деца, се зголеми бројот на повредени по судирот на два автобуси на атинскиот градскиот превоз во јужното приморско предградие на Атина, Вула, а од повредените тројца се во посериозна состојба, јави дописничката на МИА од Атина.
Несреќата се случила, од засега непознати причини, во близина на автобуска станица, автобусите се движеле еден зад друг, а голем дел од патниците биле млади лица кои оделе на плажа, со оглед на тоа што конкретните линии сообраќаат до плажите во областа Атика.
Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис за грчката телевизија „Скај“ рече дека никој од повредените не е во животна опасност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
