Македонија
7. March 2025 - 18:58

Повредена 70 годишна скопјанка додека возела велосипед, автомобил „мерцедес“ удрил во неа

На 06.03.2025 во 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Горно Лисиче“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрило во велосипед управуван од Ј.Б.(70) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Во незгодата, Ј.Б. се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.