Повреден стружанец при експлозија на плински боци

Педесет и осумгодишниот Н.Ф. од струшкото село Лабуништа се здобил со опекотини по лицето и другите делови од телото при експлозија на плински боци што ги превезувал во патнички автомобил марка „Рено трафик“ со италијански регистарски ознаки.
Повредениот, како што информира СВР Охрид, итно бил префрлен во Општата болница во Струга, каде му била пружена неопходна медицинска помош, по што бил пуштен на домашно лекување.
- Настанот се случил вчера во 17 часот и 40 минути на магистралниот пат Струга-Дебар кај месноста „Мороишки мост“, кога од експлозија на плински боци во возачката кабина дошло до опожарување на целиот автомобил, кој се движел по магистралниот пат, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Повредениот превезувал три плински боци кои претходно ги наполнил со течен гас.
- Во еден момент, во возачката кабина настанала експлозија на плинска боца од 12 литри при што настанал пожар кој брзо се проширил низ целото возило кое, набрзо целосно изгорело, појасни Димоски.
На местото на настанот интервенирала противпожарната единица од Струга, а по овластување на јавен обвинител, увид изврши полициска екипа од полициската станица во Струга.
Ново на Сител
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
-

Човечкиот фактор и годинава главна причина за шумските пожари
