-->
-->
Повреден работник во рудникот „Булмак“ во Злетово
-->

Работник во рудникот за олово и цинк „Булмак“ во Злетово вчера се повредил при извршување работни задачи.
Минситерството за внатрешни работи информира дека несреќата се случила вчера околу 10 часот. Повредениот Д.С. (43) од Пробиштип со со болничко возило сопственост на рудникот бил пренесен во Здравствен дом Пробиштип, од каде по укажаната лекарска помош бил пренесен во Клинички центар Штип. Поради карактерот на повредите, со возило на Итна медицинска помош, бил пренесен и задржан во Клинички центар Скопје. За карактерот на повредите, дежурниот лекар дополнително ќе се произнесе. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Албанската министерка за Европа во официјална посета на Македонија
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
-

СДСМ: Мигранти за пари во Македонија
-

ЕУ средства за прекугранична соработка за развој на турзимот
-

Бањата од римскиот период во Банско ќе добие заштитна конструкција, средствата обезбедени од ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
