Македонија
12. March 2024 - 17:25

Повреден работник од Турција при извршување градежни работи

Х.У. (50) од Република Турција се здобил со тешки телесни повреди при извршување градежни работи на објект во изградба на територија на општина Центар.

Случајот, како што информира МВР, вчера во 10.20 часот бил пријавен во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде Х.У. бил донесен на лекување. 

За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.