Повреден работник додека чистел снег на патот Маврово-Галичник
Триесетгодишен тетовец, вчера се повредил додека со булдожер расчистувал снег по регионалниот пат Маврово-Галичник.
Според СВР Тетово во близина на месноста „Царева чешма“, Ш.И. со булдожер работел на расчистување на снегот и во еден момент неговата машина заглавила во снегот. Откако излегол и застанал на металните скали од десната страна на машината, од задната страна друг булдожер кој, исто така, расчистувал врз Ш.И. истуркал поголема количина снег.
Набрзо, други вработени кои биле во близина го извлекле Ш.И, по што со возило пренесен е во амбуланта во Маврови Анови, а по укажаната помош, префрлен е во тетовската клиничка болница.
На местото на повредувањето е извршен комплетен увид и се расветлуваат причините за несреќата, околностите во кои се случила.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија