Повреден пожарникар при гаснење пожар во Скопје

Триесет и петгодишен пожарникар синоќа е тешко повреден при интервенција на опожарен стан на ул. „Лука Геров“ во Скопје.
Како што соопшти МВР, ноќеска во 00:25 часот во ЕИК-Скопје е пријавено дека на 12.02.2017 година околу 22:20 часот на ул. „Лука Геров“ во стан сопственост на Т.О. (62), а издаден под кирија на Б.К. (44), избувнал пожар. Во моментот на избувнување на пожарот во станот немало никој.
Бригадата за противпожарна заштита го изгазнала пожарот околу 23:20 часот. На местото на настанот биле излезени и три возила од Итна медицинска помош кои укажувале помош на станарите кои се жалеле дека вдишиле поголемо количество на чад.
Пожарникарот З.П. (35) паднал од скала додека интервенирал. Тој со тешки телесни повреди бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“. Увид ќе се врши во текот на денот, соопшти полицијата.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
