Македонија
10. September 2015 - 14:03

Повреден мигрант итно донесен на скопските Клиники

Околу 1 часот ноќеска од Медицинскиот центар Куманово во СВР-Куманово било пријавено дека кај нив е донесено лице, најверојатно мигрант од Пакистан, со повреда од остар предмет во пределот на главата.

Му била укажана лекарска помош по што бил препратен во Клиничкиот центар-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.