Македонија
5. May 2022 - 12:30

Повреден малолетник во тешка сообраќајка во Тетово

На 04.05.2022 во 14.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „ЈНА“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(43) од Тетово и мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Тетово, соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.