Повредата на Кук не е сериозна, ќе паузира две недели
Вчерашниот пораз на гостувањето кај Партизан донесе двојно разочарување во таборот на МЗТ Скопје Аеродром, со оглед што по само пет минути на теренот се повреди новото засилување од САД, Кеандре Кук, чие рамо настрада по дуел со еден од противничките центри.
– Првичните прогнози по прегледите во болница во Белград беа дека има скинат лигамент поради што би морал да отсуствува најмалку еден месец. Но, денешната детална проверка во болницата „Систина“, која е наш долгогодишен пријател и спонзор, покажа дека повредата и не е толку сериозна.
Проценките на лекарскиот тим на клубот, поткрепени од извештаите на докторите од „Систина“ кои го прегледаа Кук, велат дека тој би бил надвор од тимот најмногу две недели. Тоа значи дека по неколку дена би можел да почне со лесни тренинзи, поради што се надеваме дека би бил подготвен да им помогне на соиграчите веќе на гостувањето кај Студентски центар, закажано за 28 јануари во Подгорица, соопшти МЗТ Скопје.
„Аеродромци“ утре го почнуваат вториот дел од првенството во домашната Прва лига и тоа на домашен терен против ТФТ (19:30 часот).
Ново на Сител
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари