Повлекувањето на ИД од Ирак и Сирија го зголемува ризикот од напади во Франција

Военото повлекување на Исламската држава (ИД) во Ирак и Сирија ја зголемува опасноста од исламистички напади во Франција, како оние кои таа земја ги претрпе оваа и минатата година, рече денеска францускиот обвинител за антитероризам, Франсоа Молен за парискиот весник „Монд“.
- Во историјата на тероризмот јасно гледаме дека кога терористичките организации имаат проблеми на сопствен терен, тогаш бараат можност да напаѓаат во странство, рече Молен.
Тој додаде дека воениот притисок со кој ИД се соочува може да резултира со зголемување на бројот на француски џихадисти и нивни семејства кои се враќаат дома.
Многумина од оние кои биле вклучени во катастрофалните напади извршени во Франција од минатата година, родени се во Франција, потсетуваат агенициите.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
