Македонија
2. February 2021 - 12:18

Повикано на разговор во полиција лицето кое се води како организатор на протестот за „Монструм“

Лицето кое се води како организатор на протестот против случајот „Монструм“ во Скопје, на својот фејсбук профил објави дека денеска е повикан од полицијата на информативен разговор.

„Денес скопската полиција објави дека треба да се пријавам утре во 12:00 часот во полициската станица Бит Пазар, причината според нив се инцидентите на протестот на 29 јануари!

Притисоците продолжуваат, но ние нема да застанеме и секогаш ќе бараме правдата да дојде на свое место“, напишал вчера Блерим Ахмеди на Фејсбук.

Последниот коментар од МВР за инцидентите пред јавното обвинителство е дека се работи на препознавање на сторителите кои скршија шофершајбни на четири полициски возила, како и стаклото од влезната врата на МНР. Полицијата ги утврдува нивните идентитети преку снимките направени за време на протестот.

Протестот за случајот „Монструм“ следуваше откако обвинителката Фатиме Фетаи побара најстрога казна за обвинетите.

 

Ново на Сител