Македонија
17. May 2016 - 10:13

Повик за собирање успешни примери од пракса за описменување на децата

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ објавува повик за собирање успешни примери од пракса во описменување на најмладите ученици и деца.

Повикот е отворен до 10 јуни за сите заинтересирани (наставници, родители и членови од семејството, библиотекари, училишни директори...) од целата територија на Република Македонија.

Информации за пријавувањето се објавени на: stepbystep.org.mk. Собраните примери понатаму проектот ќе ги објавува онлајн и ќе ги споделува во форма на каталози и прирачници за да им служат на останатите родители, наставници и целата заедница.