-->
-->
„Повелба за Република Македонија“ за Црвениот крст
-->

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на Црвениот крст на Република Македонија.
Признанието беше доделено по повод 70 години од формирањето на Црвениот крст на Република Македонија, како организација која преку реализација на многубројни хуманитарни активности во различни сфери на делување, даде посебен придонес во обезбедување на помош и поддршка на ранливото население во државава и пошироко, а со тоа и афирмација и промовирање на меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, пренесува МИА.
Претседателот Иванов, од името на сите македонски граѓани, со оваа „Повелба на Република Македонија“ му се заблагодари на Црвениот крст на Македонија затоа што, како што кажа, со тоа што го прави, ја враќа надежта во човечноста.
- Денеска сме тука за да се заблагодариме на Црвениот крст што веќе 70 години им служи на луѓето во неволја, и во Македонија и надвор од неа, рече Иванов на свеченоста.
Оваа организација, потенцираше тој, која е секаде и секому достапна, е изразена низ основните принципи на хуманост, непристрасност, наутралност, независност, доброволност, единство и универзалност.
- Генерации волонтери на Црвениот крст на Македонија веќе седум децении ни даваат пример за тоа како да се однесуваме кон најголемата вредност од сите - човечкиот живот, рече претседателот Иванов.
Претседателот на Црвениот крст Милчо Трајков заблагодарувајќи се за Повелбата, истакна дека организацијата оваа година одбележува два јубилеја 70 години од основањето и 20 години од полноправното членство во Меѓунардоната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Во изминатите 70 години илјадници луѓе беа дел од хуманитерните активности на Црвениот крст.
- Со текот на времето Црвениот крст прерасна во институција преку која граѓаните на нашата држава го остваруваат својот волонтерски придонес во заедницата, средство за обезбедување помош, место за почитување и заштита на дигнитетот на луѓето, стана препознатлив и сигурен партнер за различни иницијативи или со други зборови пријател и подадена рака на лицата кои се нашле во незавидна состојба, истакна Трајков.
Црвениот крст на Македонија има 34 општински организации и скопската Градска организација.
- Свртени кон иднидната ја искажуваме својата спремност да се справиме со сите предизвици кои ги носи неизвесноста и иднината на грѓаните, рече претседателот на Црвениот крст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
