Повеќето пазарџии и купувачи на дебарскиот пазар од други општини
На новиот градски пазар,кој нуди одлични услови,како за понудувачите така и за побарувачите на разни земјоделски и сточарски производи и во овој саботен пазарен ден повеќето од нив се од други општини.
Кога станува збор за пазарџиите, тие главно се од Тетово и Охрид а нудат зеленчук, овошје, мед, јајца и цвеќиња, додека дебарските пазарџии дел на земјоделски и млечни производи.
- За разлика од порано кога градскиот пазар беше преполн со продизводи од локалните змејодлеци, сега тие главно се од други општини. Еве и јас сега сум само купувач, зашто годините не ми дозволуваат да се занимавам со земјоделство како порано, вели Рамадан Франгу.
Јавна тајна е, посочува, дека голем процент од населението од дебарските погранични села, каде е и најплодното земјиште замина во странство, но за жал и младата популација тешко се определува да работи на нива.
И купувачите на дебарскиот пазар главно се „странци“. Ги има од општините Центар Жупа и Маврово Ростуше, односно подрачјето на Река, како и од соседните погранични албански населени места, пред се Маќелари, Поцести, Блато, Острени, Требиште.
Саботниот пазарен ден ја зголемува и фреквенцијата на граничните премини „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ кон соседна Албанија. Така за разлика од обичните денови кога преку преминот „Блато“ минуваат во просек по триста патници, во саботите тој број е трипати поголем. На вториот премин, преку кој со Дебар е поврзана областа Голо Брдо, дневно минуваат по стотина, а во саботите повеќе од двеста патници.
Ново на Сител
-
До петок студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
Отфрлени обвиненијата против Алек Болдвин за убиство на снимањето на филмот „Рѓа“
-
По протестот во Тирана, во притвор седуммина граѓани, а кривични пријави за 21 пратеник и 19 претставници на партии
-
Луксембург единствена држава во ЕУ каде жените се поплатени од мажите
-
Антикорупциска нема основ за поведување постапка против директорот на АНБ, Бојан Христовски
-
Отстранети неколку диви депонии во Чаир, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром
-
ЦУ: Спречен шверц на злато, лекови и фотоапарати
-
Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО